Фудбал
Дефанзивецот на Атлетико налета на тепачка на навивачи (ВИДЕО)
Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Марио Хермосо, за малку ќе се пресметаше со навивачите, откако „душеците“ на домашен терен паднаа со 2-0 против Виљареал.
Mario Hermoso trying to confront the fans.
[🎥 @ATMJoaquinEFC]
— Atletico Universe (@atletiuniverse) August 21, 2022
Џереми Пино и Џерард Морено погодија за жолтата подморница на Унаи Емери. Науел Молина ги загуби нервите и беше исклучен со директен црвен картон во дополнителното време од натпреварот. Сепак, најлошото дојде по последниот судиски свиреж кога Хермосо изгуби контрола над своите постапки.
Дефанзивецот остана на клупата цел натпревар и никогаш не се појави во игра. Голем дел од навивачите по крајот на натпреварот останаа на трибините на Ванда Метрополитано и го изразија своето незадоволство од настапот на нивните миленици.
Хермосо се налутил поради тоа и на видео кое кружи на интернет се гледа како влегува во пресметка со некои од поддржувачите.
Mario Hermoso siempre en mi equipo pic.twitter.com/FHcMwzw8wv
— BNZ (@benzorcde) August 21, 2022
Шпанецот тргна кон трибините но беше спречен од полицијата, стручниот штаб и соиграчите.
Според неофицијални информации, Ренан Лоди на малку поинаков начин одговорил на незадоволството на навивачите. Го покажа средниот прст.