Connect with us

Фудбал

Дефанзивецот на Барселона останува во болница

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, беше префрлен со брза помош во болница во почетокот на второто полувреме, откако директно се судри со Гави Паес од Селта Виго. Уругваецот стана на нозе, но по неколку чекори колабираше на теренот, очигледно за кратко време ја изгуби свеста.

Фудбалерот доби потрес на мозокот и неговата состојба ќе стане јасна по деталните лекарски прегледи во болницата“, напишаа од клубот на Твитер. „Беше страшно да се види тоа“, изјави Пјер-Емерик Обамејанг по натпреварот, кој постигна два гола во победата на Барселона од 3-1 . На Гави Паес му требаше и лекарска помош, но тој успеа да се врати во игра.