Connect with us

Фудбал

Дефанзивецот одби нов договор со Борусија (Дортмунд)

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел потврди дека швајцарскиот репрезентативец Мануел Акањи се уште не сака да го продолжи договорот со клубот. Неговиот актуелен договор е до 2023 година. „Тоа може да се случи. Ние сме во разговори со Мануел и неговиот агент, па мораме да откриеме како ќе се одвиваат работите“, изјави Кел за WAZ.

Тој најави дека Борусија сака да го продолжи договорот со 17-годишниот Јусуф Мукоко , кој исто така истекува на крајот на следната сезона. „Да, би сакале тој да го продолжи договорот“, изјави Себастијан Кел. Гигантот од Дортмунд заврши на второто место во Бундеслигата оваа година, со осум бода помалку од шампионот Баерн Минхен .

Реклама

Facebook