Фудбал
Дефинитивно откажана трката во Јапонија
Почетокот на Мото ГП сезоната полека се најавува, а организаторите на натпреварот во голема мерка преговараат со земјите што ќе можат да бидат домаќини на мотоциклистите.
Некои од државите веќе се откажаа, а последна што го стори тоа беше Јапонија. Виновникот зошто Хонда Јамаха и Сузуки нема да можат да настапат дома е пандемијата на коронавирус.
Ова значи дека за прв пат од 1986 година, Мото ГП шампионатот ќе помине без Гран-при на Јапонија, трката на патеката Мотеги требаше да се одржи на 18 октомври.
Гран-прито на Јапонија е шестата трка што досега е откажана. Претходно тоа го сторија Холандија, Германија, Велика Британија, Австралија и дебитантот Финска.
„Семејството Мото ГП работи напорно за да ја започне новата сезона и да организира што е можно повеќе трки. Од таа причина, тие ќе возат во Европа до средината на ноември, додека другите трки ќе се одржат после тоа ако е можно“, рече Кармело Еспелете.