Други спортови
Дејан Георгиевски го совлада олмпискиот шампион Исаев и го освои златниот медал на „Турција опен“ (ФОТО)
Дејан Георгиевски го победи актуелниот олимписки шампион Радик Исаев одс Азербејџан за златниот медал на Меѓународниот таеквондо турнир од серијта Г-1 „Турција опен“ во Анталија. Георгиевски имаше целосна доминација, со што ја замолчи салата.
Георгиевски освои златен медал на еден од најсилните турнири во светот Светскиот куп со пет борби и пет победи во еден ден и тоа против:
-Чихат Сатилмис од Турција – технички нокаут
-Мухамет – Емин Турција – технички нокаут
-Џонтан Хејли САД- 14-7
-Стефен Ламбдин САД – технички нокаут
-Финале Радик Исаев од Азербејџан – 16-8