Connect with us

Други спортови

Дејан Георгиевски се откажа од полуфиналната борба и освои бронза на Медитеранските игри

Македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски го освои бронзениот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Во четвртфиналето беше подобар од Ахмад Мохамед од Египет, па по полуфиналето „закажа“ борба против Ајуб Басел од Мароко. Сепак, имаше здравствени проблеми, односно силна дехидтрација поради стомачен вирус, па лекарскиот тим одлучи дека е најдобро да не настапи во полуфиналето.

Со тоа Георгиевски мораше да се задоволи со бронзен меда.

За нашата земја ова е трет медал на МИ, претходните два беа од борењето, „бронзен“ беше и Владимир Егоров, а со злато се закити Магомедгаџи Нуров.