Connect with us

Други спортови

Дејан Георгиевски со нов сребрен медал, повторно загуби во финалето од Русинот како на Олимписките игри

Македонскиот најдобар таеквондист, Дејан Георгиевски освои сребрен медал на „Президент Купот“ кој се одржа во Албанија. Во финалето загуби повторно од Русинот Владимир Ларин,од кого исто така загуби на Олимписките игри.

 Георгиевски одлично ја отвори борбата, со водство од 4-0, но за жал тоа останаа неговите единствени поени до крајот и загуби со 4-22.

Сребрениот медал му носи важни 12,5 бода на табелата во светската ранг-листа, кои се исклучително важни за мисијата на Георгиевски, да избори норма за Олимписките игри во Париз.

Патот на Георгиевски до финалето и победи против:

-Ангелопулос од Грција
-Ел Јаизиди од Франција
-Хели од САД