Други спортови
Дејан Ловрен му порача на Новак Ѓоковиќ: „Сега навивам уште повеќе…“
Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен се огласи на социјалните мрежи за да му даде поддршка на Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн, но остана изолиран на аеродромот во просторија во која поминува со часови. Тој се нашол во неволја бидејќи формуларот за виза не бил правилно пополнет, па Австралијците не му дозволуваат да влезе во земјата.
Австралискиот новинар Клинт Стенавеј објави дека на Ѓоковиќ му е укината визата и дека сега ќе ја обжали одлуката пред судовите во Викторија, додека новинарот на Телеграф, Оливер Браун, на Твитер објави дека е се поверојатно Ѓоковиќ да биде испратен дома со следениот лет.
Меѓу другото, многу спортисти ја следат ситуацијата и му испраќаат зборови на поддршка на Новак, меѓу кои и хрватскиот фудбалер Дејан Ловрен.
Сега уште повеќе навивам Ѓоковиќ да го освои 21. Грен слем. Држете се за Нола“, напиша Ловрен.
Sad još vise navijam da @DjokerNole osvoji 21. Grand slam. Drzi se Nole.
— Dejan Lovren (@Dejan06Lovren) January 5, 2022