Connect with us

Фудбал

Дејвид Мојс: Од борба за опстанок отидовме во полуфинале во Европа

Вест Хем се пласираше во полуфиналето на европските клупски турнири за прв пат по 46 години, откако го совлада Лион со 3-0 како гостин во Лига Европа и продолжи со вкупен резултат 4:1. Последен пат лондончани имаа толку силна серија на континентална трка во 1976 година, кога стигнаа до финалето на трката за победниците на националниот куп, но го загубија натпреварот за трофејот со 2:4 од Андерлехт .

“Горд сум на настапот на момците. Беше возбудливо и сензационално. Тешко е да се каже со зборови. Се претставивме одлично. Вечерва не освоивме трофеј, па немаме многу причини да скокаме од радост , но сепак е одлично време за нас“, прокоментира менаџерот на Англичаните Дејвид Мојс по успехот во Франција. „Секоја победа е важна, но успехот со 3-0 како гостин на Европа, а против толку силен противник е навистина значаен резултат. Играчите го дадоа својот максимум, не се предадоа ниту за момент, а не мислам дека дека пред мечот некој „Очекуваше дека ќе успееме да го елиминираме Лион. Но имам одлична група на играчи. Во последните две години отидовме од борба за опстанок во Премиер лигата во полуфинале на европско турнир. Ова е нешто извонредно и едвај чекаме да продолжиме“.

„Отидовме толку далеку. Ги надминавме групите, а потоа ги елиминиравме ривалите како Севиља и Олимпик Лион – тимови кои се навикнати да играат во Европа. Тоа не е малку“, додаде тој.

За пласман во финалето, Вест Хем ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт, кој ја елиминира Барселона по реваншот со 3:2 на Камп Ноу и нерешениот резултат 1-1 во првиот натпревар.

Нема да биде лесно против Ајнтрахт, но ќе се бориме и ќе имаме уште една незаборавна вечер на стадионот во Лондон. Наскоро ќе разговараме за финалето. Ова е одлична можност за нас, но истото важи и за Франкфурт. Се надевам дека играме добро и се пласираме во финалето. Ние не сме фаворити за освојување на турнирот, но сакам момците да размислат за тоа. бидејќи довербата во фудбалот е важна“, заклучи Мојс.