Поврзи се со нас

Кошарка

Дејвис: Леброн многу добро се грижи за своето тело, па доминира 17 години

Лос Анџелес, 30 септември 2020 (МИА) – Крилото на Л.А. Лејкерс, Ентони Дејвис, го пофали соиграчот Леброн Џејмс за начинот на кој успева да го одржи своето тело.

„Кралот“ има 35 години, ја игра својата 17-та сезона во НБА, но сепак е голема sвезда во Лигата и ќе се бори за четвртата титула во кариерата во финалето против Мајами Хит.

– Вниманието на Леброн кон деталите е надвор од какво било рангирање, без разлика дали станува збор за плејоф-серија или само за натпревар. Успева да се мотивира во моментот кога ќе зачекори на паркетот. Освен тоа, тој многу добро се грижи за своето тело. Спие повеќе од секој што го познавам. Тој ги сфаќа сите овие детали за неговиот процес на опоравување многу сериозно, па затоа доминира веќе 17 години. Се чини дека тој е подмладен, а причината за тоа е што тој се грижи за своето тело, сподели Дејвис пред почетокот на натпреварот бр.1 од последната серија, што е вечерва во 03:00 часот по македонско време.

Advertisement

Facebook

Реклама