Connect with us

Тајмаут

Дел Пјеро: Најмногу бев пијан по финалето во 2006 година

Легендарниот поранешен напаѓач на Јувентус и италијанската репрезентација Алесандро Дел Пјеро изјави дека еден трофеј му е посебен.

Иако освои сè и сешто, поранешната „Десетка“ на „Старата дама“ посебно се сеќава на една вечер.

„После која победа бев најмногу пијан? По златото на Светското првенство 2006 година, тогаш беше најгласната забава“, откри Дел Пјеро.

Друг поранешен играч на италијанската репрезентација, Франческо Тоти, во својата автобиографија напиша дека пред финалето на Светскиот куп 2006 година, сите играле ФИФА, играле карти, гледале Вимблдон или читале.

Само еден спиеше. Дел Пјеро.

„Па, бев загрижен, но не толку. Имаше малку вознемиреност затоа што многу добро знаевме колку се силни француските играчи. Сфатив дека најважно е да мирно излеземе и да не се грижиме.”

Дел Пјеро играше за Јувентус од 1993 до 2012 година, постигнувајќи 208 голови на 513 натпревари и освои 18 трофеи.