Connect with us

Тајмаут

Дел Пјеро „заглави“ во Лос Анџелес и ги предупреди Американците: Не сте имуни на ова што се случува!

Легендарниот италијански фудбалер Алесандро Дел Пјеро моментално е во Лос Анџелес и одлучи да ја предупреди американската јавност за коронавирусот.

Дел Пјеро не може да се врати во Италија затоа што границите се затворени и не се знае до кога ќе биде ставена во карантин целата земја. Легендарниот играч остана во Лос Анџелес, каде сè уште нема толку голема паника за пандемијата на коронавирус.

Но, поранешен играч на Јувентус реши да ја предупреди американската јавност за она што, според неговото мислење, сигурно ќе ги дочека.

„Никој нема конкретен совет за тоа што да правиме во сето ова и затоа луѓето неконтролирано одат во супермаркетот и купуваат сè што ќе стигнат. Ние Италијанците внимателно следиме што се случува и ние сме подготвени. Америка сигурно нема да биде имуна на коронавирусот“, рече Дел Пјеро. .

Неговата изјава успеа да дојде до центарот на вниманието во американските медиуми, но многумина му порачаа дека тој непотребно крева паника. Сепак, судејќи според тоа што се случува во Европа, се чини дека е прашање на време пред коронавирусот да ја погоди и Америка.