Connect with us

Други спортови

Дел Потро нема да игра на „Мастерсот“ во Торонто

Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро се повлече од тенискиот „Мастерс“ турнир во Торонто, чиј награден фонд е 5,3 милиони долари, каде требаше да биде трет носител.

Дваесет и деветгодишниот Дел Потро, кој играше финале на овој турнир во 2009 година, се повлече поради повреда на зглобот на левата рака.

Аргентинецот ќе биде заменет на турнирот од т.н. „среќен губитник“ во квалификациите, Русинот Михаил Јужни.

Во натпревар од вториот круг, тој ќе игра против Робин Хасе од Холандија.

Во 2014 година Дел Потро имаше операција на зглобот на левата рака и извсен период отсуствуваше од терените.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com