Connect with us

Фудбал

Деле Али не дојде на тренинг и не се јавува на својот мобилен телефон. Се обидуваат да го најдат

Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али (26) исчезна во Турција, објави неговиот тренер Шенол Гунеш. Али настапува за Бешикташ и не се појави на тренинг во средата.

„Му дадовме неколку слободни денови, но тој не се врати. се обидуваме да дојдеме до него. Се надеваме дека немал некаква несреќа и дека се е во ред со него“, изјавата на Гунеш ја пренесоа странските медиуми.

Али моментално е играч на Евертон на позајмица во Бешикташ. Турските и англиските медиуми пред неколку дена објавија дека Деле Али е исфрлен од составот на Бешикташ и дека до крајот на сезоната ќе ги следи натпреварите од трибините. На крајот треба да се врати во Евертон.

Неговата кариера е на надолна патека. Тој одигра 17 натпревари оваа сезона и постигна три гола, што е далеку под неговото поранешно ниво. Додека играше за Тотенхем пред четири години, Али важеше за најдобар млад играч во Англија и еден од најдобрите во Европа.

Тогаш неговата цена на Трансфермаркт изнесуваше до 100 милиони евра. Има 37 настапи за англиската репрезентација со која беше на Светското првенство во 2018 година. Неговата кариера веќе подолго време е на надолна патека бидејќи немаше сигурно место во тимот ниту во Бешикташ.

Advertisement