Connect with us

Фудбал

Дембеле сака трансфер во Јувентус

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, наводно, сака да се пресели во Јувентус за време на летниот преоден рок. „Старата дама“ сега ги разгледува сите можности за овој трансфер.

Бјанконерите и Каталонците преговараа за потенцијална размена помеѓу играчите од средниот ред, Миралем Пјаниќ и Артур Мело за ова лето.

Сепак, шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ тврди дека Дембеле го привлекол вниманието на спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратиќи, а весникот тврди дека играчот веќе кажал „Да“ на трансферот на стадионот „Алианц“.

Бидејќи, Федерико Бернардески исто така бара да замине од Јувентус и Хуан Куадрадо работи претежно во одбрана, Дембеле би можел да најде место во напаѓачката фаза од страната на Маурицио Сари.

Сепак, францускиот крилен играч, кој претрпе повеќекратни повреди од неговиот трансфер на „Камп Ноу“, нема да му биде лесно да го обезбеди овој трансфер, бидејќи Јувентус би можел да се откаже од овој трансфер поради неговата висока цена.

„Мундо Депортиво“ известува дека Барселона не е подготвена да го продаде Дембеле за пониска цена и двете страни првично можат да се договорат за неговиот заем.