Поврзи се со нас

Фудбал

Дембеле загубил цели 14 топки во првото полувреме против Хетафе

Мадрид, 18 октомври 2020 (МИА) – Крилото на Барселона, Усман Дембеле беше меѓу најслабите на теренот на синоќешниот натпревар со Хетафе, загубен од Каталонците со 0:1.

Францускиот фудбалер започна како стартер за прв пат по 325 дена и разочара. Дембеле играше на лево крило и неговите пробиви премногу често завршуваа со одземена топка и напад за противникот.

Според статистичките податоци објавени во „АС“, тој изгубил дури 14 топки само во првото полувреме. Дембеле одигра 62 минути и загуби вкупно 16 топки.

Освен тоа, Усман пропушти седум обиди да додаде.

Дембеле не се најде на чело на негативното рангирање по овој индикатор. Сержињо Дест загуби 23 топки и не успеа во 11 обиди за додавање.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама