Connect with us

Фудбал

Ден по дебаклот во Лондон, Јувентус подготви 50 милиони за чудото од Балканот

Натпреварот против Челзи ги отвори очите на сите во Јувентус. Тешкиот пораз од 4:0 е јасна порака дека се неопходни засилувања.

Очигледно е недостиг на квалитет во напаѓачкиот дел од тимот, па „Старата дама“ ќе реагира во јануари за да доведе нов напаѓач.

По дебаклот на Стемфорд Бриџ, Јувентус подготви 50 милиони евра за доведување на Душан Влаховиќ, чудо од Балканот.

Влаховиќ оваа сезона експлодираше, моментално е најдобар стрелец во Серија А со десет гола, а минатиот викенд постигна два гола против Милан.

Поранешниот играч на Партизан е едно од откритијата на сезоната, делува доминантно на теренот и има одличен финиш. Тој е играч со светла иднина пред себе и затоа не е чудно што Јувентус многу го посакува.

Веќе подолго време е познато дека Влаховиќ не сака да го продолжи договорот со Фиорентина, па тие ќе мора да го продадат порано или подоцна.

Под знак прашалник е дали 50-те милиони евра на Јувентус ќе бидат доволни за доведување на 21-годишниот фудбалер бидејќи Фиорентина сака минимум 70 милиони.

Од друга страна, во Фиренца не се подготвени да го продадат својот најдобар играч на најголемиот ривал, па Јувентус секако ќе тешката задача да го доведе Влаховиќ во Торино.

Реклама

Facebook

Реклама