Connect with us

Фудбал

Денеска ќе биде објавена новата Европска Суперлига

Медиумите во Англија пишуваат дека сите најголеми англиски екипи се согласни да формираат европска Суперлига. Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ објави дека денеска официјално ќе биде промовирана новата Европска Суперлига во која барем засега потврдени се 12 клубови.

Засега е сигурно дека во Суперлигата ќе има 12 екипи и тоа шест од Англија и по три од Шпанија и Италија. Тоа се Манчестер сити,Манчестер јунајтед, Арсенал, Ливерпул, Челси и Тотенхем од Англија, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона од Шпанија и италијанските Јувентус, Интер и Милан.