Connect with us

Фудбал

Денеска станува јасно добитникот на најголемата индивидуална награда во фудбалот – „Златната топка“

Денеска ќе дознаеме кој ќе може да ја грабне најголемата индивидуална награда во фудбалот – „Златната топка“. Сите трескавично се подготвуваат за церемонијата што ќе се одржи во Париз. Лионел Меси има освоено најмногу награди „Златна топка“ – 7. Токму Аргентинецот ја освои последната награда во 2021 година.

Фаворит за овогодинешната награда е францускиот напаѓач Карим Бензема. Фудбалерот на Реал Мадрид успеа да го освои домашното првенство во Шпанија и да го освои трофејот во Лигата на шампионите, со 15 голови најдобар стрелец на турнирот. Бензема исто така постигна најмногу пати во шпанската Ла Лига – 27 гола. Меѓу првите имиња се очекува да бидат и Килијан Мбапе, Мохамед Салах и Ерлинг Халанд.

Годинава се сменија правилата за доделување на наградата. Најважниот фактор што се зема предвид е индивидуалната изведба на играчот. На второто место ќе се следи екипниот учинок и освоените трофеи.

Лионел Меси не е меѓу номинираните, иако на листата се најде неговиот голем ривал Кристијано Роналдо. Карим Бензема, доколку ја освои наградата, ќе стане 45-от играч кој ја освоил Златната топка.