Фудбал
Дени Роуз официјално потпиша за Њукасл
Англискиот фудбалер Дани Роуз го напушти Тотенхем и кариерата ќе ја продолжи во Њукасл.
Жозе Мурињо пред неколку дена одлучи дека Роуз не му треба за остатокот од сезоната и дека може да бара нов клуб. Њукасл покажа голем интерес за овој играч.
Њукасл експресно ја испрати понудата, а на крајот клубовите се договорија за заем до крајот на сезоната. Клуб ќе има можност да го откупи договорот на Роуз ова лето.
Роуз денес успешно ги помина лекарските прегледи, а Њукасл веднаш по тоа потврди дека тој е ново засилување за клубот. Овој 29-годишен фудбалер пристигна во Тотенхем уште во 2007 година од младинската школа на Лидс.
Во досегашната кариера, тој играше за Ватфорд, Питерборо, Бристол Сити и Сандерленд, како позајмен играч од Тотенхем.
Done deal ✅
Welcome, Danny! ⚫️⚪️#NUFC
— Newcastle United FC (@NUFC) January 30, 2020