Connect with us

Кошарка

Денис Шрудер од следната сезона ќе стане Лејкер

Денис Шредер ќе биде нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерси. Тимот од „Стејплс центарот“ направи одлична зделка со тоа што се откажа од својот 28-ми пик од драфтот, кој ќе се одржи вечерва. Шредер играше одлично во дресот на Оклахома изминатата сезона и имаше 18,9 поени по натпревар.

Германецот треба да биде замена за Рондо кој ја искористи опцијата во договорот и ќе биде слободен агент. Причината поради која Рондо заминува е да побара поголем договор во друг клуб.