Connect with us

Фудбал

„Деновите на Мустафи во Премиер лигата завршија“

Поранешната легенда на Ливерпул, Џејми Карагер, верува дека деновите на Шкодран Мустафи, во Премиерлигата се одброени по елиминацијата на „топџиите“ од Карабао Купот.

Мустафи во обид да ја отстрани опасноста ја затресе сопствената мрежа во шестата минута од натпреварот, бидејќи ја користеше десната нога наместо да ја користи левота нога.

Арсенал се бореше напорно и беше на работ од четврт-финалето, но погодок на Дивок Ориги во 94. минута го спаси Ливерпул од елиминација.

Дани Себалос беше единствениот играч на Арсенал кој не успеа од белата боја, додека сите пет фудбалери на Ливерпул погодија, испраќајќи го тимот на Јурген Клоп во четврт-финалето.

По натпреварот, Мустафи стана предмет на потсмев на социјалните медиуми, при што навивачите на Арсенал не покажаа милост кон Албанецот. Исто така и легендата на Ливерпул Карагер не покажа милост за играчот.

„Мислам дека неговите денови во Премиер лигата завршија. Тој е еден од оние дефанзивци што греши. Кога станува збор за играч што го прави тоа, другите се под притисок“, рече Карагер.

„Не можете да ја играте вашата игра затоа што половина тим ги покрива неговите грешки. Мислам дека сите во Арсенал ќе бидат подобри по неговото заминување“.

Карабао купот беше една од единствените трки каде Мустафи имаше шанса да игра, бидејќи на Унаи Емери не го повика дури ни како резервист во натпреварите во Премиер лигата оваа сезона.

Албанецот досега има одиграно само пет натпревари оваа сезона за Арсенал, три во Лигата на Европа и два во Карабао купот.