Кошарка
Денвер доби шампионско засилување
Освојувачот на НБА прстен со екипата на Голден стејт, Ник Јанг, потпиша за тимот на Денвер. „Нагетси“ го донеоа Јанг кој од почетокот на сезоната беше меѓу слободните играчи, а финансискиот договор се уште не е познат за јавноста.
Со потпишувањето на 33 – годишниот бек, екипата на Денвер ќе се обиде да го надополни недостатокот на повредените Вил Бартон, Гери Херис, Пол Милсап и Џамал Мареј.
Nick Young has officially joined the squad.#MileHighBasketball pic.twitter.com/udxmXSiu9n
— Denver Nuggets (@nuggets) December 10, 2018
Јанг во 2007 година беше избран како 16 пик на драфтот од страна на Вашингтон, за кого играше се до 2012 година. Потоа ги бранеше боите и на Лос Анџелес Клиперс, Портланд и Лос Анџелес Лејкерс. Минатата сезона беше дел од шампионскиот тим на Голден стејт.
Од натпреварите кои се одиграа во НБА лигата, токму неговиот нов клуб забележа победа над Мемфис со 105:99.
Резултати: Индијана – Вашингтон 109:101, Филаделфија – Детроит 116:102, Бостон – Њу Орлеанс 113:100, Чикаго – Сакраменто 89:108, Милвоки – Кливленд 108:92, Оклахома – Јута 122:113, Далас – Орландо 101:76, Денвер – Мемфис 105:99, Феникс – ЛА Клиперс 119:123 (по прод.), Голден стејт – Минесота 116:108, ЛА Лејекрс – Мајами 108:105.