Connect with us

Кошарка

Денвер и Јута ќе играат „мајсторка“

Орландо, 31 август 2020 (МИА) – Екипите на Денвер нагетс и Јута џез ќе играат решавачки, седми дуел за пласман во второто коло од НБА плејофот. Денвер ноќеска ја совлада Јута со 119:107 и изедначи на 3-3 во серијата прв до четири победи.

Џамал Мареј со 50 и Никола Јокиќ со 22 поена беа најефикасни во победничкиот тим. Кај „џезерите“ се истакна Донован Мичел со 44 поени.

Седмиот натпревар ќе се одржи ноќта вторник кон среда.

Победникот од оваа пресметка во конференциското полуфинале на Запад ќе се сретне со Лос Анџелес клиперс. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com