Фудбал
Депај ги откри своите планови за следната сезонаw
Еден од играчите на Барселона на продажба – Мемфис Депај , покажа дека не планира да го менува клубот. Медиумите се убедени дека со добра понуда холандскиот напаѓач би можел да биде трансфериран, бидејќи од една страна на Каталонците им требаат средства, од друга не успеа да блесне минатата сезона, а од трета е меѓу најконвертибилните играчи.
Денес, сепак, Депај на својот Твитер профил го напиша следново: „Мојата прва сезона не стана онаква каква што замислував. Мора да продолжиме да работиме и да станеме посилни за да ги постигнеме нашите цели во следната кампања. Само Барса.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед ја заврши сезоната со 13 гола и 2 асистенции во 38 натпревари во Лос Кулес во сите натпреварувања.