Други спортови
Депортацијата на Новак Ѓоковиќ сигурно нема да биде толку тешка за еден Србин
Епилогот на сите случувања во Австралија во последните десет дена е дека Новак Ѓоковиќ мора да ја напушти оваа земја откако судот ја потврди одлуката на министерот Хок.
Ваквата одлука беше тешка за сите љубители на спортот во Србија, но и за неутралните љубители на тенисот кои ќе бидат лишени да го гледаат најдобриот тенисер во светот на првиот Грен слем турнир во сезоната.
Но, од ова ќе има корист еден тенисер од Србија, а секако тоа е Миомир Кечмановиќ кој требаше да му биде ривал на Новак Ѓоковиќ во првото коло на турнирот.
Кечмановиќ сега за противник ќе добие еден од среќните губитници и сигурно ќе има поголеми шанси да помине во второто коло отколку што би било кога би требало да игра против светскиот рекет број еден.
Отвореното првенство на Австралија започнува утре.
Што се однесува до самиот Ѓоковиќ, ставот на државата е дека неговото присуство би предизвикало немири.
„Неговото присуство би предизвикало немир и загриженост. Тој и пред вакцините беше против нив. Неговиот став е јасен. Тој има историја на игнорирање мерки. Беше интервјуиран и фотографиран, ја симна маската. Не смееме да се плашиме да го отстраниме од земјата“.
На крајот, тоа и се случи. Ѓоковиќ беше избркан, а Австралија опен ќе помине без најдобриот играч на светот.