Connect with us

Фудбал

Дешамп го објави списокот, во Франција нема деветмина кои играа на СП во Катар!

Почнуваат квалификациите за ЕП 2024 година, а францускиот селектор Дидие Дешамп го објави списокот. Нема девет играчи кои го носеа дресот на Франција на СП во Катар. Некои поради повреди, иако има и такви кои завршија со репрезентацијата, како Карим Бензема и Уго Лорис.

На списокот недостасуваат Стив Манданда, Рафаел Варан, Преснел Кимпбембе, Лукас Ернандез, Кристофер Нкунку и Матео Гендузи, како и повредениот Пол Погба. Интересно е и тоа што Дешамп подготви нова улога за еден играч. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга ќе биде лев бек на натпреварите против Холандија и Република Ирска.

“Го повикав Камавинга да игра како лев бек. Тој може да покрие повеќе позиции и на овие натпревари ми треба за таа позиција. Тоа нема да го изненади, бидејќи веќе разговарав со него за ова”, изјави селекторот. Интересно е што на списокот се најде уште еден играч со презиме Тирам, Кефрен, синот на легендарната Лилијан Тирам. Тука е и неговиот  брат Маркус, кој веќе добил покана и претходно.

Вака изгледа списокот:

ГОЛМАНИ: Алфонсо Ареола (Вест Хем), Мајк Мањан (Милан), Брис Самба (Ленс).

ОДБРАНА: Едуардо Камавинга (Реал), Весли Фофана (Челзи), Тео Ернандез (Милан), Ибрахима Коната (Ливерпул), Жил Кунде (Барселона), Бенџамин Павард (Баерн), Вилијам Салиба (Арсенал), Дајот Упамекано (Баерн).

СРЕДИНА: Јусуф Фофана (Монако), Адриен Рабиот (Јувентус), Аурелиен Чуамени (Реал), Џордан Верет (Марсеј), Кефрен Тирам (Ница).

НАПАД: Кингсли Коман (Баерн), Оливие Жиру (Милан), Антоан Гризман (Атлетико), Коло Моани (Ајнтрахт), Килијан Мбапе (ПСЖ), Маркус Тирам (Баерн), Муса Дијаби (Леверкузен)