Connect with us

Фудбал

Девет голови и фудбалско шоу на последниот меѓусебен „танц“ на Роналдо и Меси, Роналдо играч на мечот (ВИДЕО)

Во супер интересен меч ПСЖ го совлада Ол Стар тимот составен од играчи од најдобрите два тима во Саудиска Арабија, Ал Хилал и Ал Наср. Мечот заврши 5:4 во корист на ПСЖ. Меси постигна гол за ПСЖ, Маркињос, Рамос, Мбапе и Екитике. Нејмар промаши пенал.
На спротивната страна два гола на Роналдо, од кои еден од пенал, третиот гол беше дело на Џан Хун Со, додека во самиот финиш новиот соиграч на Роналдо, Талиска постигна прекрасен гол за конечни 5:4. Роналдо играше до 61-та минута, а Меси играта на ја напушти минута подоцна. Според многумина овој меч е организиран само поради маркентиншки причини и да се овозможни последен меѓусебен „танц“ на Меси и Роналдо, двете фудбалски легенди, едни од најдобрите на сите времиња.

Инаку, Роналдо беше прогласен за играч на натпреварот, очекувано.