Connect with us

Фудбал

Девојката на Де Јонг откри нешто што Барса досега успешно го криеше (фото)

Сетјен истакна дека Де Јонг има повреда и дека би требало во еден од наредните натпревари да се врати во составот, без при тоа да открие детали за каква повреда се работи. Сега знаеме по фотографијата која Мики ја објави на нејзиниот инстаграм профил. Де Јонг има повреда на листот од десната нога, а големи се шансите да е посериозна од што се претпоставуваше.

Де Јонг инаку настапи само во победата над Мајорка по рестартот на сезоната во Ла Лига, во претходните два меча недостасуваше во тимот.