Connect with us

Ракомет

Девојката поважна од Лигата на шампионите, еве зошто Бразилецот замина од Вардар

Романската Баја Маре ќе биде прва дестинација на бразилскиот десен бек Хозе Толедо. Се чинеше дека преселбата од Висла Плок во Вардар ќе биде чекор напред во кариерата, сепак повредата и предвремениот крај на сезоната практично го онемозможи момчето кој беше хит на СП во 2019-та година во Германија и Данска да покаже се што знае пред навивачите во „Јане Сандански“.

Желбата да остане во Вардар со нов газда и нови услови, очигледно беше помала од онаа да биде заедно со девојката, бразилското лево крило Лариса Арохо која од наредната сезона ќе игра во женскиот тим на Баја Mаре. Од клуб кој ќе игра ЕХФ Лига на шампиони, Толедо замина во третопласирана екипа во Романија. Сето тоа поради љубов.