Фудбал
Џаханбакш премина во Брајтон за рекорден трансвер
Иранскиот фудбалер Алиреза Џаханбакш за 20 милиони фунти премина од холандски АЗ Алкмар во Брајтон, што воедно претставува рекорден трансвер за англискиот клуб.
Џаханбакш со Брајтон потпиша петгодишен договор, а минатата година беше најдобар стрелец во холандската лига со 21 гол и 12 асистенции.
Иранскиот фудбалер и пред три години беше блиzу до трансфер со Брајтон, но тогаш одлучи да остане во Холандија.
Тој од 2013 година настапува за репрезентацијата на Иран и на 41 натпревар има постигнато четири голови.