Connect with us

Фудбал

Џани, Џани, Џани…Ечеше на стадионот, навивачите се збогуваа со Алиоски (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски нема повеќе да биде дел од саудискиот тим Ал Ахли. Според информациите, тој  добива раскин на договорот и ќе мора да побара нов клуб. Синоќа го одигра последниот меч во овој дрес, а од трибините овации. Со голем аплауз и скандирање беше поздравен Алиоски во судиското надополнување кога ја напушташе играта. Неговиот тим победи со 2:0.