Фудбал
Џанлуиџи Буфон ја продолжува кариера
Џанлуиџи Буфон сè уште не сака да замине во пензија.
Иако има 42 години, познатиот голман сака да ја продолжи кариерата, а тоа ќе биде можно бидејќи се договори со Јувентус да ја продолжи соработката за уште една сезона.
Буфон се договори со претседателот на „Старата дама“, Андреа Ањели за условите на договорот да бидат истите како и досега, а официјален потпис ќе се случи кога условите ќе дозволат.
Според „Тутопорт“, постои голема можност Буфон да одбрани во сезоната и по следната, и тоа не би било изненадување.
Буфон има одиграно вкупно 11 натпревари оваа сезона на сите натпреварувања и успеа да ја задржи својата мрежа недопрена три пати.