Connect with us

Фудбал

Џанлука Ди Марцио објави: Интер започна преговори со Лука Модриќ!

Интер очигледно не се шегува ова лето и се обидува да собере тим кој ќе може да се натпреварува за Скудето со нереално моќниот Јувентус.

Вчер во Милано пристигна Врсаљко, а се очекува да пристигне и Артуро Видал, па и двајцата би можеле да станат нови играчи на Интер во еден ден.

Иако Интер ќе има навистина одличен тим, бидејќи претходно пристигна и Раџа Нанголан, Неразурите сеуште немаат намера да застанат, барем ако му верувате на познатиот новинар на „Скај Спорт“ Џанлука Ди Марцио.

Тој на Твитер објави дека Интер контактирал со Лука Модриќ и дека хрватскиот репрезентативец наводно немал ништо против пристигнувањето, па сега агентите преговараат. Се разбира, Ди Марцио додаде дека се чини дека е невозможно да се добие овој трансфер, но според она што го видовме ова лето, ништо нема да нè изненади.

Да потсетиме: Модриќ беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија.