Фудбал
Џејдон Санчо веќе не е приоритет на Манчестер Јунајтед?
Потенцијалниот трансфер на sвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед, е интензивно шпекулиран во последните месеци.
Неколку пати се појави информација дека „трансферот заврши“, но тоа очигледно не е случај, иако е сигурно дека „црвените ѓаволи“ сепак нема да се откажат од младиот Англичанец.
Сепак, „Дејли мирор“ пишува дека Санчо веќе не е приоритет на Манчестер Јунајтед за следниот трансфер период, но дека „титулата“ ја презеде капитенот на Астон Вила, Џек Грелиш.
Grealish has pushed ahead of Sancho as Manchester United's summer transfer priority, claims the Mirror ✍️
Who's the better option? ? pic.twitter.com/SDAuJ2NPXr
— Goal (@goal) June 7, 2020
Наводно, лидерите на Јунајтед, по деталната анализа, решиле Грелиш да биде тој, на кој ќе се потрошат многу пари на ова лето, а 24-годишниот офанзивен играч од средниот ред се искачи на врвот на списокот со желби на тренерот Солскјер.
Сепак, Греалиш нема да биде многу поевтин од Санчо, со оглед дека Астон Вила има намера да побара околу 90 милиони евра за својот капитен. Санчо, од друга страна, сè уште е официјално поскап 10-20 милиони евра.
Грелиш игра одлично во сезоната 2019/2020 во која оствари 31 настапи за Астон Вила. Тој постигна девет гола и забележа осум асистенции.