Поврзи се со нас

Кошарка

Џејлен Браун: На првиот натпревар против Леброн кога имав 19 години сфатив дека во НБА е моето место

Бостон, 2 ноември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун зборуваше за моментот кога сфатил дека е на ниво на играчите од НБА.

– Игравме на гости против Кливленд. Пред натпреварот, Бред Стивенс ми рече дека ќе бидам во почетниот состав. Тоа беше мојот прв старт во НБА и ми рекоа дека ќе играм против Леброн. Имав 19 години и имав добар натпревар. За малку ќе победивме. За првпат во првата петорка играв против Леброн и постигнав околу 19 поени. Тогаш сфатив дека ова е моето место, изјави 24-годишниот Браун.

Тој на 23 јуни 2016 година на НБА драфтот беше избран од Бостон селтикс. зс/

loading...

Facebook