Connect with us

Кошарка

Џејмс: Јас сум роден победник (видео)

Орландо, 13 септември 2020 (МИА) – Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс стигна до првото финале на Западната конференција во неговата 17-годишна кариера во НБА.

Лејкерси ги елиминираа Хјустон Рокетс по 119:96 во дуелот бр.5 и вкупен резултат 4-1, а на прес-конференцијата по натпреварот 35-годишниот ветеран рече дека е роден победник.

– Знам точно со што се поврзува моето име – победа. Ја преземам оваа одговорност затоа што сум роден победник, секогаш сум бил таков. Од првиот пат кога играв кошарка во тим. Ја научив играта на вистински начин од моите први тренери. Сфатив како да играм за моите соиграчи и да не бидам себичен, рече Џејмс на прес-конференцијата по натпреварот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com