Фудбал
Џерард не се сомнева: Еве кој ја заслужува Златната топка
Златната топка за 2019 година ќе биде доделена во Париз на 2 декември (понеделник). Тројца главните кандидати за освојување на овој престижен трофеј се Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Виргил Ван Дијк.
И покрај некои гласини кои кружеа низ медиумите за тоа дека sвездата на Барса е победник, борбата за наградата се чини дека сè уште е отворена. Стивен Џерард, поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул и актуелен тренер на Ренџерс, го даде своето мислење за „Goal.com“.
„Златна топка? Јас сум навивач на Лионел Меси.
Сепак, ако зборуваме за постојан настап на играч во изминатата сезона кој ја освои Лигата на шампионите и кој беше перфектен на секој натпревар, тогаш Ван Дијк го заслужува тоа повеќе. Холанѓанецот заслужуваат да ја освои Златната топка“.