Фудбал
Џерард останува верен на Ренџерс до 2024. година
Стивен Џерард ја продолжи соработката со Ренџерс. Шкотскиот тим беше тој кој прв му даде шанса на некогашниот фудбалер во 2018. година.
Лидерите на клубот се задоволни со резултатите кои ги постигнува Џерард, Ренџерс се наоѓа на втората позиција на табелата, па поради тоа решија да го наградат со нов договор.
Новиот договор е потпишан на пет години, односно Џерард ќе го предводи Ренџерс најмалку до 2024 година.
Пред на биде главен тренер на Ренџерс, Џерард работеше како тренер на младинските категории на Ливерпул.