Connect with us

Фудбал

Џерард: Салах? Тој човек моментално е пред Меси и Роналдо

Легендарниот фудбалер на Ливерпул смета дека Мухамед Салах моментално е во најдобра форма од сите фудбалери на светот, дури во подобра форма и до Роналдо и Меси.

Со двата гола и две асистенции Салах беше одличен во натпреварот против Рома и го доведе Ливерпул на чекор од финалето.

„Се наоѓа во животна форма. Тешко е да го споредите Салах со Роналдо и Меси, тие со години се константни, но без двоумење, моментално е најдобар играч на светот“ рече Џерард за BT Sport.

Салах кој од редовите на Рома премина во Ливерпул во оваа сезона има постигната 43 голови во сите натпреварувања за Ливерпул.