Кошарка
Џеријан Грант го засили Хјустон
Американскиот кошаркар Џеријан Грант од следната сезона ќе го носи дресот на Хјустон Рокетс.
Според американските медиуми, Грант и Хјустон потпишале едногодишен договор, а финансиските детали сè уште не се познати.
Грант е во НБА од 2015 година кога беше избран од Вашингтон за 19-ти пик во првото коло на драфтот. Веднаш беше сменет, а својата прва НБА сезона ја помина во Њујорк.
Од 2016 до 2018 година играше за Чикаго Булс, а потоа во сезоната 2018/2019 играше за Орландо.