Поврзи се

Фудбал

Џиџи кажува збогум по крајот на сезоната, триумф во ЛШ е единствен начин да ја продолжи кариерата

Весникот Кориере дела Сера пренесува дека Џиџи Буфон решил да замине во пензија по крајот на сезоната, легендарниот голман сепак би можел да ја продолжи кариерата за неколку месеци при евентуален триумф во Лигата на шампионите.

За иднината на 40 годишниот голман се пишува со месеци, а денешното издание на Кориере дела Сера вели дека одлуката е донесена: Буфон кажува збогум по крајот на сезоната.

Весникот од Милано пишува дека соопштението треба да пристигне во скоро време, а Џиџи одлуката ја донел заедно со претседателот на Јувентус, Андре Ањели. Легендарниот голман нема да се предомисли ниту доколку биде освоено седмо Скудето во низа.

Сепак, неговата кариера би можела да биде продолжена за неколку месеци доколку „Старата Дама“ триумфира во Лигата на шампионите, за капитенот да настапи на Светското клупско натпреварување.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com