Фудбал
Џо Харт оваа зима се сели кај Дејвид Бекам?
Поранешниот голман на репрезентацијата на Англија, Џo Харт, би можел да замине во МЛС-лигата оваа зима.
Според „The Sun“, првиот човек на новоформираниот клуб Интер Мајами, Дејвид Бекам му понудил договор на Харт, кој најверојатно ќе биде прифатен.
Овој 32-годишен голман веќе некое време има проблем во кариерата, а во моментов е само трет избор на голот на Барнли и јасно е дека ќе мора да бара нов ангажман.
Со пристигнувањето во Интер Мајами, Харт конечно би добил шанса да брани во стартниот состав, а Бекам полека започнал да го составува неговиот тим, што премиерно ќе се претстави во највисоките редови на американскиот фудбал.
Патем, Харт и Бекам беа соиграчи во составот на Англија во тоа време и сигурно лесно ќе се договорат за деталите на договорот.
Харт има само еден настап оваа сезона и тоа во Купот Карабао.