Connect with us

Фудбал

Џо Харт си најде нов клуб

Заборавениот Џо Харт успеа да најде нов клуб во ера на тотална парализа на фудбалот на Островот.

Договорот на поранешниот голман на англиската репрезентација со Барнли истекува на крајот на сезоната, а овој 33-годишник ќе продолжи да го заработува својот фудбалски леб во Англија.

Поточно, според „The Sun“, следниот клуб во кариерата на Харт ќе биде Дерби Коунти, кој се натпреварува во втората англиска лига со минимални шанси за промоција.

Харт пристигна во Барнли во 2018 година, меѓутоа, неговата форма опадна, поради што го загуби местото во тимот и не му беше понуден нов договор.

Поранешната „единица“ на Манчестер Сити се поврзуваше со преселба во Бешикташ и неколку клубови на МЛС оваа зима, но изгледа дека целата своја кариера ќе ја помине во Англија, не сметајќи го едносезонското патување во италијанскиот Торино во 2016 година.