Фудбал
Џон Тери имаше одлична причина да ја напушти Астон Вила
Искусниот англиски дефанзивец, Џон Тери пред неколку дена одлучи дека нема да остане во Астон Вила во следната сезона.
Тери во овој клуб пристигна минатото лето од Челзи како слободен играч, но по само една сезона одлучи да не ја продолжи соработката со Астон Вила. Клубот играше во финалето од плејофот за враќање во Премиер лигата, но на крајот не успеаја да го совладаат Фулам.
Сепак, англиските медиуми објавија дека Тери веќе претходно одлучил да ја напушти Астон Вила, но ќе остане во чемпионшип. Наводно, искусни дефанзивец знаел дека неговиот поранешен соиграч, Френк Лампард ќе стане нов тренер на Дерби и чекал само официјална потврда.
Како што пишуваат медиумите, Тери поради тоа одлучил да не остане во Астон Вила и да потпише за Дерби. На овој начин, поранешниот капитен на Челзи сака да му помогне на својот поранешен соиграч за кого ова е првиот сериозен тренерски ангажман.