Connect with us

Кошарка

Џордан ги објави последните пораки со Брајант: „Не можам да ги избришам …“

Поминаа 16 месеци од смртта на Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џина и уште шестмина патници во пад на хеликоптер, а за многумина сè уште е тешко да се заборави таа трагедија.

Мајкл Џордан, кој беше ментор и голем пријател на Коби, сè уште ги чува СМС-пораките што му ги испратил поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс пред неговата смрт. Како што вели, понекогаш ги гледа и нема намера да ги брише.

Времето минува, но болката останува. Џордан ќе биде оној што ќе го официјализира влезот на Брајант во Куќата на славните во сабота, но тој не знае како да се справи со тоа.

„Мислев дека ќе бидам малку нервозен, но сфатив дека не можам да бидам нервозен кога покажувам емоции кон некој што апсолутно го сакам“, рече легендарниот кошаркар на Булс.

Последната порака што ја доби од Брајант беше на 8 декември 2019 година. Пораката е примена во 12:18 часот по локално време.

„Оваа текила е неверојатна“, напиша Коби осврнувајќи се на шише алкохол што му го испрати Џордан на промоцијата.

„Благодарам, брат“, одговори Џордан. „Да, господине. Како е семејството?“, праша Коби.

„Секој е добро. А твое?“, праша Џордан. „На сите им е добро“, одговори Коби, кој во тоа време беше среќен што може да ја тренира својата ќерка Џина.

„Се надевам дека ќе се видиме наскоро, тренеру Коби. Среќни празници“, додаде Џордан, а Коби одговори: „Среќно и тебе, човече“.

Џордан рече дека се слушнал со Ванеса Брајант пред шест месеци и дека изразила желба легендарната кошаркаркар да го претставува нејзиниот покоен сопруг на церемонијата на Домот на славните.

„Кога Коби почина, дел од мене почина. Не знам зошто, но не можам да ги избришам неговите пораки“, рече Џордан, кој ќе има чест да го претставува Брајант на приемот во Домот на славните.

Реклама

Facebook