Connect with us

Други спортови

Џорџ Расел потпиша за Вилијамс

Младиот британски возач Џорџ Расел потпиша повеќегодишен договор со Вилијамс и од следната сезона ќе вози за оваа екипа во Формула 1.

– Се чувствувам како да сум на врвот на светот. Ова е остварување на мојот сон, истакна 20-годишниот возач по потпишување на договорот.

Тој во моментов е прв во шампионатот на Формула 2, а претходните две години ги помина во програмата на Мерцедес за млади возачи.

Расел е третиот Британец кој ќе се натпреварува во Формула 1, покрај Луис Хамилтон во Мерцедес и Лендо Норис во Мекларен.