Други спортови
Џошуа е најголем губитник од борбата на Фјури и Вајлдер
Шампионот во ВБЦ категоријата, Американецот Дионтеј Вајлдер, денеска ќе го брани појасот во тешка категорија против Британецот Тајсон Фјури. Ова ќе биде најголемиот боксерски дуел годинава, а промоторот на британскиот боксер Франк Ворен тврди дека без разлика на епилогот од мечот, најголем губинтник ќе биде најголемата ѕвезда во тешка категорија – Ентони Џошуа.

Според многумина Џошуа го избегнувал дуелот со Вајлдер кој на крајот прифати борба со поранешниот шампион Тајсон Фјури.
Ворен тврди дека победникот од овој дуел ќе биде светски број еден без разлика на тоа што Џошуа ги има крај себе преостанатите четири титули.
- Кој и да победи, тој е светски број еден. Џошуа се зафркна во овој случај и сите знаеме дека негова наредна борба ќе биде против Дилијан Вајт, доколку го совлада Дерек Чисора. Тој е најголем губитник во оваа борба, бидејќи Вајлдер ако загуби има можност за реванш, па Ентони може да остане без борба за овој толку посакуван појас до 2020 година. Што и да мисли во моментов Тајсон Фјури, тој е роден за борба. По две борби од неговото враќање во рингот тој веднаш побара дуел против најдобриот ударач во светот. Поради тоа мора да му симнете капа, истакна Ворен.
Борбата за ВБЦ појасот е на распоредот оваа вечер во Лос Анџелес.