Други спортови
Џошуа имаше можност да ги има сите четири појаси, но поважни му беа парите
Мал е бројот на љубителите на борешките спортови, а особено на боксот кои не би сакале повторно да гледаат борба меѓу Американецот Деонтеј Вајлдер и Британецот Тајсон Фјури. Меѓу нив е и актуелниот сопственик на ИБФ, ВБА и ВБО шампионските појаси Британецот Ентони Џошуа, кој пак по секоја цена сака да го победи Вајлдер и да му го земе појасот во ВБЦ верзијата.

Но, Ентони Џошуа наводно ја имал таа можност и ја прокоцкал. Наводно биле отворени преговори меѓу Американецот и Британецот за таа борба, но Џошуа заради несогласување околу договорот за бробата се предомислил и одбил да влезе во рингот со Вајлдер.
Алтернативата му беше рускиот боксер Александар Поветкин, кого го победи во седмата рунда. На овој начин Џошуа ја испушти шансата да стане првиот тешкаш со сите шампионски појаси уште од Ленокс Луис во 1990 година.
-Тоа е прв пат да имамам потешкотиит во финансискиот дел од договорот со мојот противник, изјави Џошуа за британските медиуми.
-Да кажеме дека се работи за околу 40 милиони фунти. Слушајте тоа е голема пара и мене ми беше чест што воопшто се зборуваше за оваа заработувачка. Но кога малку ги анализиравме тие бројки сфативме дека се работ и за моите права. Ми плаќаат 50 милиони и јас треба да бидам во нивна сопственост. Имам долгорочни договори со некои партнери и тоа беше голем проблем, заврши Британецот.
Голем проблем за Џошуа да ги обедини сите четири шампионски појаси е и дуелот, односно реваншот на Вајлдер и Фјури, кој со нетрпение го очекуваат речиси сите љубители на боксот.