Connect with us

Други спортови

Џошуа: Ќе ви покажам кој сум против Фјури

Лондон, 9 септември 2020 (МИА) – Шампионот во бокс во тешка категорија Ентони Џошуа воопшто не е импресиониран од величењето на шампионот во ВБЦ, Тајсон Фјури.

Џошуа и Фјури може да се соочат еден против друг во 2021 година, но пред тоа и двајцата мора да ги добијат претстојните битки.

И двајцата ги бранат своите титули во декември, откако Џошуа ќе се соочи со Кубрат Пулев на 12 декември, а Фјури по трет пат ќе се бори против Дионтеј Вајлдер една недела подоцна.

– Тој започна да се бори кај професионалците во 2008 година и му требаа 7 години да се бори за светската титула. Тој тргна на сосема поинаков пат. Јас не се плашам од Фјури. Дај ми шанса да се докажам. Да ви покажам кој сум и што можам да направам. Се борев со пет шампиони и бев во две обединувачки борби. Јас сум двократен шампион во тешка категорија и сите во 24 борби и 7-годишна кариера. Тоа покажува дека сум сериозен. Ако Фјури е сериозен, ќе ја сфатам сериозно нашата битка, вели Џошуа, цитиран од англиските медиуми.

loading...

Проблем пред натпреварот помеѓу Џошуа и Фјури е и задолжителниот кандидат за ВБО, Александар Усик.

Усик ќе се бори со Дерек Чисора во наредните месеци и доколку забележи победа, ќе биде на ред да се бори против Џошуа во 2021 година, доколку Џошуа успее да го победи Пулев.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com